ПОЧИНА АСТРО Основачот на светски познатата група „УБ40“

Теренс Вилсон, познат под уметничкото име Астро, настапуваше со „УБ40“ до 2013 година, кога основаше нов музички состав.

355

Астро, поранешен пејач и еден од основачите на британската реге група „УБ40“, која во осумдесеттите години се прослави со „Red Red Wine“ и „Can’t Help Falling In Love“, почина на 64-годишна возраст по кратко боледување, соопшти неговиот бенд.

Теренс Вилсон, познат под уметничкото име Астро, настапуваше со „УБ40“ до 2013 година, кога основаше нов музички состав.






„Скршени сме поради загубата на нашиот драг Астро кој почина по кратка болест“, напишала неговата сегашна група на Твитер, „UB40 featuring Ali Campbell & Astro“.

„Светот повеќе нема да биде ист без него“, е наведено во објавата.

И неговата поранешна група ја потврдила информацијата.

Обработката на песната „Red Red Wine“ од Нил Дајмонд ги прослави „УБ40“, кој продадоа повеќе од 100 милиони плочи.

Името на групата основана во Бирмингем во 1978 година се однесува на британскиот образец за невработени (Unemployment Benefits, Form 40).

Поврзани содржини