Почина Алберт Удерзо, творецот на Астерикс и Обеликс

776

Алберт Удерзо, францускиот цртач на стрипови и со колегата и пријател Рене, е автор на Астерикс, еден од најпродаваните стрипови на светот, почина на 92 години, извести неговото семејство.

„Алберт Удерзо почина во сон во својот дом од срцев удар кој не е поврзан со коронавирусот. Веќе неколку недели се чувствуваше многу исцрпено и изморено“, рекол неговиот зет за АФП.






Овој стрип првпат се појави во 1959 година во француско-белгиското списание „Пилот“ и Удерцо продолжи да го прави и по смртта на својот партнер Рене Госини во 1977 година. Стрипот, сега со нови сопственици, и натаму излегува.

Со околу 380 милиони продадени примероци на повеќе од 100 јазици и низа анимација и играни филмови произведени со текот на годините, Астерикс стана една од најпознатите меѓународно признати француски културни феномени.

Поврзани содржини