ПОЧИНА АКТЕРОТ ОД ФИЛМОВИТЕ „РАМБО“ И „БЕТМЕН“ Излегол од морето и се струполил на плажа
Алон Абутбул починал откако излегол од морето на популарната туристичка плажа ХаБоним во Тел Авив.
Актерот Алон Абутбул почина на 61-годишна возраст.
Алон Абутбул починал откако излегол од морето на популарната туристичка плажа ХаБоним во Тел Авив.
Како што објави британски „Мирор“, сè се случило во вторник наутро кога, според зборовите на очевидци, тој излегол од морето и се пожалил дека не се чувствува добро, по што се струполил.
Итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и еден час се обидувале да го реанимираат, но не можеле да го вратат. Причината за смртта засега е непозната, а Алон ги оставил зад себе сопругата и четирите деца.
Мики Зохар, израелскиот министер за култура и спорт, се збогува со актерот.
„Вчеравечер гледав интервју со него, во кое зборуваше за снимањето филм во кој неодамна учествувал, а страста кон неговата професија што зрачеше од него беше очигледна дури и по толку години работа во таа област“, рекол тој, наведуваат странските медиуми.
Алон Абутбул е роден на 28 мај 1965 година во Израел, а својата филмска кариера ја започна во осумдесеттите години.
На јавноста ѝ е најпознат по улогата на доктор Павел во последниот дел од трилогијата за Бетмен на Кристофер Нолан, „The Dark Knight Rises“. Покрај тоа, глумеше во продукциите „Рамбо 3“, „Love at Second Sight“, „Beirut“, „Snowfall“ и други.