Актерот Ник Кордеро (41) почина од коронавирус по 94 дена борба за неговиот живот во болница во Лос Анџелес.
Кордеро уште од април беше во многу лоша состојба и му беше ампутирана ногата поради компликации од коронавирусот.
Неговата сопруга Аманда Клотс објави емотивен пост на Инстаграм за смртта на нејзиниот сопруг со кого го има едногодишниот син Елвис.
„Бог има уште еден ангел на небото. Мојот најмил почина утрово. Срцето ми е скршено и не можам да си го замислам животот без неговата светлина. Благодарам на неговите љубезни, мудри лекари полни со разбирање. Денеска, додека умираше, се молевме и ја пеевме неговата омилена песна „Live your life“. Се бореше како лав. Те сакам засекогаш, мил мој“, напиша неговата сопруга.