Почина актерот Кларенс Вилијамс, агентот на ФБИ од „Твин Пикс“

528

Актерот Кларенс Вилијамс Трети почина на 82-годишна возраст, потврди неговиот тим.

Кларенс беше најпознат по улогата на полицаец Линс Хејс во серијата „The Mod Squad“, додека исто така глумеше заедно со покојниот пејач Принс во филмот „Purple Rain“.






Менаџерот на Вилијамс, Алан Миндел потврди дека актерот починал во неговиот дом во Лос Анџелес во петокот по битката со ракот на дебелото црево.

Кларенс го паметиме и по улогата на агентот на ФБИ во серијата „Твин Пикс“.

Музичарот и актер Лени Кравиц се огласи по повод смртта на Кларенс.

„Кога бев дете, растејќи во Њујорк, актерот Кларенс Вилијамс Трети беше заштитно лице на телевизијата со кого се поистоветував и кој ме инспирираше. Од „Mod Squad“, до „Purple Rain и „Sugar Hill“, тој секогаш настапуваше со динамична енергија. Почивај во мир, кралу“, напиша Кравиц.

 

Поврзани содржини