ПОЧИНА АКТЕРОТ КИРИЛ ПОП ХРИСТОВ – КИЛИ Имаше 58 години

Кирил Поп Христов-Кили беше македонски актер кој остави значаен белег во театарот, филмот и телевизијата.

265

Македонскиот актер Кирил Поп Христов-Кили почина вчера на 58-годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година.

Кирил Поп Христов-Кили беше македонски актер кој остави значаен белег во театарот, филмот и телевизијата. Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје, каде што го поминал и поголемиот дел од својот живот и професионална кариера.






Дипломирал во 1989 година на отсекот за актерска игра, во класата на професор Љубиша Георгиевски. По дипломирањето започнал активно да работи во театарот и постепено се етаблирал како актер со силно сценско присуство. Од 1993 до 2014 година бил член на ансамблот на Македонски народен театар. Настапил во бројни претстави како „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“ и други.

Покрај театарската сцена, Поп Христов оставил трага и во филмската уметност. Публиката го памети по неговите улоги во македонските филмови „Тетовирање“, „Бал-кан-кан“ и „Панкот не е мртов“.

Неговото заминување претставува загуба за македонската културна сцена, а колегите и публиката ќе го паметат како посветен актер кој со својата работа и талент остави значајна трага во театарот и филмот

Поврзани содржини