Почина актерот Џери Стилер, се огласи и неговиот син Бен Стилер

815

Комичарот и sвезда на ТВ-серијалата „Сајнфилд“, Џери Стилер, почина на 92-годишна возраст.

Неговиот син, актерот Бен Стилер, ја сподели оваа вест на својот профил на Твитер, изјавувајќи дека неговиот татко починал по природен пат.






„Жал ми е што да соопштам дека татко ми, Џери Стилер, почина. Тој беше прекрасен татко и дедо и најпосветениот сопруг на Ана, со кого беше заедно 62 години. Многу ќе ни недостасува. Те сакаме, тато“, напиша Стилер на Твитер.

Џери беше најпознат по улогата на татко Френк во серијалата „Сајнфилд“ на Ен-Би-Си, како и во комичната серија „Крал кралица“на Си-Би-Ес. Тој се појави и во филмовите „Zoolander“, „Heavyweights“, Hot Pursuit“, „The Heartbreak Kid“ и „Zoolnader 2“.

 

Поврзани содржини