ПОЧИНА АКТЕРОТ БИЛИ МИЛЕР НА 43-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Познатиот лик од американските сапуници страдал од депресија
Почина ѕвездата на американските сапуници, актерот Били Милер. Имаше 43 години.
Портпаролот на актерот потврди за TMZ дека Милер починал во петокот во Остин. Точната причина за смртта не е откриена. Портпаролот само додаде дека актерот се борел со депресија.
Милер ја стекна славата со улогите во сапуниците сериите The Young and The Restless и General Hospital.