ПОЧИНА АКТЕРКАТА ЛИН МАРТА Холивудската ѕвезда ја загуби битката со ракот
Лин Марта (79) беше позната по улогите во филмовите „Футлус“ и „Џо Kид“, како и во сериите „Љубов“, „Старски и Хач“, „Барнаби Џонс“, „ФБИ“.
Американската актерка Лин Марта почина на 79-годишна возраст во Лос Анџелес, потврдија нејзините пријатели.
Крис Сент Клер потврди за Холивуд Репортер дека актерката починала во четвртокот во својот дом по долга борба со ракот.
Во својата четиридецениска кариера, актерката оствари бројни улоги, од кои најпознати се оние во филмовите „Футлус“ и „Џо Kид“, како и во сериите „Љубов“, „Старски и Хач“, „Барнаби Џонс“, „ФБИ“.