ПОЧИНА АКТЕРКАТА ЛЕНЧЕ ДЕЛОВА Играла во 60 претстави и во 30 филмови

96

Почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова, соопшти скопскиот Драмски театар.

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и актерка, Ленче Делова. Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек“, соопшти Драмскиот театар.






Делова е родена е на 15 јуни 1948 во Скопје. На сцената на Драмски е настапувала од 1964 како актерка-аматерка, а во 1970 станала членка на ансамблот каде играла сè до пензионирањето во 2013.

Делова играла во 60-тина претстави во Драмски театар, од првата „Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ во 1965, преку „Макбет“ на Шекспир, „Вишновата градина“ на Чехов, до „Чија си“ на Сашко Насев во 2013. Глумела и во над 30 филмови, ТВ-филмови и серии, меѓу кои и во „Детективи“, „Илинден“, „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Чук Чук Стојанче“, „Тврдокорни“, „Еурека“, „Тетовирање“, „Болва в уво“, „Опстанок“, „Чернодрински се враќа дома“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, Македонски народни приказни“, „Светот има осум страни“, „Од денес за утре“, „Турни ме да Кинисам“ и „До балчак“.

За улогата на Офелија во „Хамлет“ ја добила наградата „13 Октомври“, наградена е за најдобра актерка за улогата на Трајанка во „Ни ќар – ни зијан“ на фестивалот „Војдан Чернодрински, каде во 2006  ја добила наградата за животно дело.

Поврзани содржини