ПОЧИНА АКТЕРКАТА И МОДЕЛ АНАБЕЛ ШОФИЛД Ѕвездата на ТВ сапуницата „Далас“ имаше рак на мозок

За време на нејзината кариера на модел, таа се појави на стотици насловни страници на списанија и беше заштитно лице на брендови како што се „Ив Сен Лоран“, „Римел“ и „Ревлон“, но најпрепознатлива стана по култната реклама за фармерките Bugle Boy, а подоцна, по улогата во популарната сапуница „Далас“

1

Анабел Шофилд, велшка манекенка која остави трага на модната сцена во 1980-тите, почина на 62-годишна возраст, на 28 февруари, по долга и тешка борба со рак на мозокот, пишува „Унилад“.

За време на нејзината кариера, таа се појави на стотици насловни страници на списанија и беше заштитно лице на брендови како што се „Ив Сен Лоран“, „Римел“ и „Ревлон“, пишува „Унилад“. Подоцна почна да се занимава и со глума, а публиката ја памети и по нејзината улога во серијата „Далас“. Таа доби поширока, глобална препознатливост со култната реклама за фармерките „Бугл Бој“ (Bugle Boy). Во видеото, таа вози црно Ферари низ пустината и ја изговара репликата: „Извинете, дали тие што ги носите се фармерки „Бугл Бој?“






Во поголемиот дел од својата кариера како модел, Анабел Шофилд работеше со лондонската агенција „ Take Two“. Нејзината поранешна сопственичка Мелиса Ричардсон истакна колку Шофилд значела за агенцијата, како и за модната индустрија во тоа време.

Според Ричардсон, Шофилд била еден од омилените модели на познатиот фотограф Дејвид Бејли и снимала бројни едиторијали за италијанскиот Вог. Таа исто така додаде дека Шофилд била една од клучните луѓе во раните денови на агенцијата „Take Two“.

– Ја сакавме затоа што беше забавна и автентична, убава, но сепак приземјена. Никогаш не се промени од таа слатка 17-годишна велшка девојка што ја запознав за првпат. Беше лојална, грижлива и пред сè, неверојатно убава. Ја знаеше својата работа – беше најдобра – вели Ричардсон.

Анабел Шофилд е родена на 4 септември 1963 година во Ланели, Велс, а светот на филмот и славните личности ѝ бил близок уште од детството. Нејзиниот татко, Џон Д. Шофилд, работел како извршен филмски продуцент на успешни филмови како што се „Ловот на зелениот дијамант“, „Џери Магваер“ и „Не може подобро“.

На врвот на нејзината кариера како модел, таа сè повеќе била привлечена од глумата, па затоа решила да го напушти животот во Велика Британија и да оди во Холивуд. Таму, таа ја добил улогата на Лорел Елис во популарната сапуница „Далас“, во која глумеше покрај Лари Хагман.

По нејзината улога во долгогодишната сапуница „Далас“, Анабел Шофилд имаше уште неколку актерски ангажмани. Потоа се сврте кон работа зад камерата и, следејќи го примерот на својот татко, почна да работи како продуцент. Учествуваше во филмови како „Браќата Грим“, „Проклетство“ и „Град на светлината“.

Во 2010 година, таа ја основа својата компанија, Bella Bene Productions, во Бурбанк, преку која развиваше реклами и проекти поврзани со музиката и модата.

Во овој период, таа започна и креативна соработка со режисерот и графички уметник Ник Иган, познат по својата работа со бендови и уметници како што се The Ramones, The Clash, Duran Duran и Oasis. Оваа соработка ѝ отвори и врата за соработка со фотографи како Ендру Мекферсон, Елен фон Унверт, Мајкл Милер и Вил Камден, авторот на значајната 3Д кампања за Guerlain со Анџелина Џоли.

Поврзани содржини