Почина актерката Дaјана Риг, ѕвездата од „Игра на тронови“

Актерката беше позната по бројните улоги на телевизија и филм, вклучувајќи ги „Одмазници“ и во Џејмс Бонд филмот од 1969 година „Во служба на нејзиното височество“, во кој ја играше Трејси Бонд, сопруга на агентот 007.

426

По шестмесечната битка со ракот, на 82-годишна возраст почина глумицата Дајана Риг.

Актерката беше позната по бројните улоги на телевизија и филм, вклучувајќи ги „Одмазници“ и во Џејмс Бонд филмот од 1969 година „Во служба на нејзиното височество“, во кој ја играше Трејси Бонд, сопруга на агентот 007.






– Мојата сакана мајка почина утрово, опкружена со своето семејство. Во март и беше дијагностициран рак, а последните месеци уживаше во обичен живот и беше опкружена со љубов”, напиша ќерката на актерката.

Риг стана популарна во 1960 година со улогата на Ема Пил во шпионската серија „Одмазници“.

Пошироката јавност најдобро ја знае како Лејди Олена Тајрел во хитот на ХБО „Игра на тронови“, иако и таа самата призна дека никогаш не ја гледала серијата.

Поврзани содржини