ПОЧИНА 75-ГОДИШНА ЖЕНА ВО ПОЖАР ВО КАВАДАРЦИ Телото е дадено на обдукција

Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, Kичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

231

Рано изутрина во 1:45 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во домот на Т.Ј., 55-годишно лице од овој град.

Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, Kичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.






„Пожарот го изгаснал неговиот татко, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција“, се појаснува во соопштението.

Исто така, полицијата соопшти дека вчера во 13:52 часот во местото „Глувчовец“ во Кавадарци настанал пожар во колиба. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Каварадци и нема повредени. Увид извршила екипа од ОВР Кавадарци.

 

Поврзани содржини