Од Клиниката за инфективни болести се испишани 5 пациенти, на двата контролнин теста се негативни, тие се во добра општа состојба и ќе се пуштат дома, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.
– Од 28 пациенти од Дебар кои се на домашно лекување на 11 им се земаат контролни брисови и се во добра состојба. За жал имаме уште еден смртен случај, тоа е поациентка на 65 години со белодробни болести, дијабет и хронични болести. На Клиниката за инфективни болести примени се девет нови пациенти, хоспитализирани се 59, 12 се со потешка слика од кои 5 се на механичка вентилација – рече Филипче.
Тој додаде дека во изминати 24 часа се регистрирани 25 нови случаи со коронавирус. Вкупна бројка на дијагнотицирани се 354 од кои во Скопје 183 Куманово 54, Дебар 47, Штип 15, Прилеп 12, Тетово 13, Струга 9, Велес 6, Битола 4 ,Охрид 3, Кавадарци 2, Гевгелија 2 и по еден во Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Кочани.
Вкупно тестирани во земјава се 3775 лица.
За Заводот за рехабилитација во Козле, Филипче рече дека се испишани сите пациенти и испратени се на домашно лекување, а во Охрид завршил увидот за случајот со пациентката од Струга. Казни добиле директорката на болницата, докторите специјалисти и самата институција.