ПОЧИНА 33-ГОДИШЕН ЗАТВОРЕНИК ОД ОХРИДСКИОТ ЗАТВОР Се испитува причината

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.

206

Во СВР Охрид вчера вечерта, околу 19 часот е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси.

И покрај преземените мерки од медицинските лица, затвореникот починал. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Охрид.

Поврзани содржини