ПОЧИНАА 21, СЕ ЗАРАЗИЈА 674 ЛИЦА Скоро 100 лица одново се инфицирале
Од новозаразените, 98 се лица кои повторно се инфицирале со вирусот. Во земјава во моментов, со короната се борат 5.449 лица.
Корона-бројките во Македонија уште не стивнуваат. Во последното деноноќие се заразиле 674 лица, од кои 352 во главниот град Скопје, јавува Министерството за здравство, а 98 од новите случаи се реинфекции. Бројката се однесува на 3.156 тестови направени во последните 24 часа. За тоа време починале 21, а оздравеле 978 пациенти. Бројот на граѓани кои во моментот се борат со коронавирусот изнесува 5.449, а од почетокот на пандемијата до денеска се заразиле 295.082 лица.
Распоредот на новозаразените по градови е следниот:
Скопје – 352, Битола – 44, Велес – 33, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Куманово – 22, Гевгелија – 21, Кичево – 17, Струмица – 16, Тетово и Гостивар – по 12, Охрид – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Штип – 6, Кочани, Струга, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 5, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Крива Паланка, Делчево, Берово, Дебар и Богданци – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe вкупно 978 оздравени пациенти и тоа: од Скопје – 569, Велес – 53, Куманово – 49, Битола – 47, Кавадарци – 39, Прилеп – 33, Тетово – 26, Гостивар, Струмица и Гевгелија – по 19, Неготино – 18, Кичево – 17, Радовиш – 12, Дебар – 9, Кочани и Ресен – по 8, Штип – 7, Охрид – 5, Кратово – 4, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Демир Капија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (55г, 66 г, 74 г, 74 г и 78 г), 2 починати лица од Тетово (69г и 78 г) и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (88г), Струга (75г), Битола (85г) и Кочани (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1), и Пробиштип (1). Починатите лица се на возраст од 48 г. до 92 г. Лицата за починати се пријавени во период од 31.01. до 20.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лице се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања на ковид-19.