Почина 19-годишна пациентка со тешка клиничка слика во битолската болница

824

19-годишна пациентка од Битолско починала вчера само три часа откако била донесена во битолската болница во многу тешка состојба. Младата девојка била суспектна на коронавирус, но не била тестирана, потврди Билјана Гагачовска, директорка на болницата.

– Пациентката во нашата болница  беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис – вели д-р Гагачовска.






Девојката била со Даунов синдром.

Во битолскиот ковид центар хоспитализирани се вкупно 134 пациенти, за едно деноноќие примени се 23 лица, испишани 11, а починати двајца на 63 и 69 години.
Поврзани содржини