📽️ ПОЦЕКО ВО СОЛЗИ ПО ПОРАЗОТ ОД СЛОВЕНИЈА Италијанскиот селектор поднесе оставка
Вечерва сум тажен, не заради поразот туку дека ги гледам дека сите се во жалост. Може да најдат нов тренер како мене, но нема да најдат некој што ќе ги сака повеќе од мене, изјави во солзи селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација Џанмарко Поцеко.
По елиминацијата на Италија од Евробаскетот селекторот Џанмарко Поцеко поднесе оставка. Тој на прес конференцијата по дуелот беше емотивен и со солзи во очите изјави дека повеќе нема да седи на клупата на Италија.
– Ова беше мој последен натпревар со италијанската репрезентација. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од тимот, како и на менаџерот на репрезентацијата и на претседателот на федерацијата. Вечерва сум тажен, не заради поразот туку дека ги гледам дека сите се во жалост. Може да најдат нов тренер како мене, но нема да најдат некој што ќе ги сака повеќе од мене – изјави Поцеко.
Италија вечерва во осминафиналето загуби од Словенија со 77:84. Оваа репрезентација остана без четвртфинале за првпат по 2013 година.
Poceko se rasplakao nakon poraza Italije i napustio konferenciju: Je*e mi se kakav sam trener!#pozzecco #eurobasket #italy pic.twitter.com/7dU80DOl5O
— Sportal.rs (@SportalSrbija) September 7, 2025