📽 ПОЦЕКО НЕ МОЖЕ, А ДА НЕ НАПРАВИ СКАНДАЛ Урлаше, викаше и пцуеше на мечот против Доминиканската република
Наместо да оди во соблекувалната, тој се врати на подот, го крена прстот и продолжи да вика, пцуе и да се заканува. На полувремето Италија замина со минимално водство (39:38), а по излегувањето од теренот Поцеко повторно сакаше да се пресмета со судиите. Тој се упати кон судиите, па обезбедувањето мораше да реагира.
Селекторот на кошаркарскиот тим на Италија, Џанмарко Поцеко, повторно направи хаос на Светското првенство, на сличен начин како против Србија лани на ЕП… Судиите го исклучија. Тој енергично протестираше, скокаше, викаше, им се закануваше на судиите и беше исклучен на мечот против Доминиканската Република!
Како што направи против Србија, сега дојде да се поздрави со целиот ривалски тим, од селекторот на Доминиканската Република до играчите на клупата, а потоа отиде под кошот и се упати кон соблекувалната, но не застана таму.
Pozzeco enloquecido es expulsado. Estaba cantado.👀👀 pic.twitter.com/xN36YaFHUl
— Basket a todo Ritmo (@BasketatodoRitm) August 27, 2023
Тој продолжи да прави хаос.
Наместо да оди во соблекувалната, тој се врати на подот, го крена прстот и продолжи да вика, пцуе и да се заканува. На полувремето Италија замина со минимално водство (39:38), а по излегувањето од теренот Поцеко повторно сакаше да се пресмета со судиите. Тој се упати кон судиите, па обезбедувањето мораше да реагира.
Неколкумина од обезбедувањето го фатија и го тргнаа настрана.