ПОБРЗАЈ И ЗГРАПЧИ ГО ПОПУСТОТ ДО 70% Почна виртуелниот саем на книга

Од 9 до 16 октомври се одржува виртуелен саем на Книга.мк (kniga.mk) со 16 издавачки куќи и со над 700 наслови.

174

Од 9 до 16 октомври се одржува виртуелен саем на Книга.мк (kniga.mk), каде што може да нарачаат книги 24 часа во денот. Во понудата се белетристика, трилери, книги за деловен и личен развој…

Учествуваат 16 издавачки куќи со понудени над  700 наслови и попуст  до 70% од некои издавачки куќи.






– Замисли дека влегуваш во нашите книжарници, кликни на сите книги што сакаш да ги имаш и, додека да си подготвиш топол чај, тие веќе ќе стигнат кај тебе. Ќе те пречекаат попусти до 70% на изданијата на ТРИ и Паблишер, како и попусти на над 700 актуелни наслови од продукцијата на уште 16 издавачки куќи, 24/7. Брзо како што вртиш нова страница, книгите ќе се најдат пред твојата врата, испорачани со многу љубов –  соопшти Книга.мк.

Поврзани содржини