ПОБРЗ ПРЕМИН НА ГРАНИЦИТЕ И ЗАСИЛЕНА ТРГОВИЈА ПРЕКУ „ЗЕЛЕНИ ЛЕНТИ“ Македонија прави уште еден конкретен чекор кон ЕУ

Целта на овие договори е јасна и практична, да се намали времето на чекање на граничните премини, да се забрза движењето на стоки и да се поддржат бизнисите и регионалната трговија. Европската Унија ја поддржува оваа иницијатива и политички и финансиски. Со 54 милиони евра поддршка од ЕУ, се инвестира во 11 приоритетни гранични премини, со што се унапредуваат инфраструктурата, размената на податоци и управувањето со ризици.

65

Maкедонија прави уште еден конкретен чекор кон побрзо преминување на границите, поефикасна трговија и подлабока интеграција со Европската Унија. Во рамки на иницијативата ЕУ-Западен Балкан „Зелени ленти”, новите билатерални оперативни договори за царинска соработка ја зајакнуваат прекуграничната координација меѓу Северна Македонија, Албанија и Молдавија со Грција, Бугарија и Италија.

Целта на овие договори е јасна и практична, да се намали времето на чекање на граничните премини, да се забрза движењето на стоки и да се поддржат бизнисите и регионалната трговија. Европската Унија ја поддржува оваа иницијатива и политички и финансиски. Со 54 милиони евра поддршка од ЕУ, се инвестира во 11 приоритетни гранични премини, со што се унапредуваат инфраструктурата, размената на податоци и управувањето со ризици.






Овие инвестиции придонесуваат за модернизација на граничните процедури и за усогласување на нашата држава со европските стандарди, во согласност со ЕУ Планот за раст и постепената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ. Резултатите веќе се видливи. На Зелената лента Прешево-Табановце, која функционира по моделот „one-stop-go”, времето на чекање е значително намалено. Воедно, првата зелена лента ЕУ-Западен Балкан меѓу Северна Македонија и Грција овозможува побрз проток на трговијата преку подобрена соработка, дигитална размена на податоци и насочени царински контроли.

Преку конкретни мерки и реални резултати на терен, иницијативата „Зелени ленти” носи придобивки за граѓаните и компаниите, ја зајакнува економијата и ја потврдува европската перспектива на земјата.

Поврзани содржини