ПОБЕГНА ЛИ ШИЛЕГОВ ОД ДЕБАТА НА МТВ И НЕЗГОДНИ ПРАШАЊА Не избегав, заминав зошто траеше подолго од договореното

Ниту еднаш досега, дали тоа било во изминатите четири години или за време на кампањата, не сум одбил да учествувам во ниедна дебата. Дебатите за мене се демократски чин и претставуваат најдобро презентирање на идеите, проектите и визијата за Скопје, вели Шилегов.

1,606

Дебатата беше со почеток во 11 часот и траеше подолго од договореното, повеќе од два часа, јас се извинив на присутните бидејќи морав да се вратам на обврските како актуелен градоначалник, за разлика од останатите кандидати кои што ја немаат таа обврска во текот на работното време, вели Петре Шилегов, градоначаник на Скопје и кандидат за втор мандат, откако во медиумите пишуваше дека тој избегал од дебатата што денеска се снимаше, а вечерва ќе се емитува на МТВ.

„Ниту еднаш досега, дали тоа било во изминатите четири години или за време на кампањата, не сум одбил да учествувам во ниедна дебата. Дебатите за мене се демократски чин и претставуваат најдобро презентирање на идеите, проектите и визијата за Скопје. Всушност, факт е дека јас сум единствениот кандидат што одговорил позитивно и што присуствувал на сите покани за дебата во време на кампањата, на кое било место, во кое било време, со сите противкандидати или барем со дел од оние што имаа и собраа храброст да дојдат на пола од одржаните соочувања. Ваквите манипулации од одредени медиуми се јалови и не поминуваат во јавноста бидејќи како што е општо познато и знаеме сите, синоним и основна карактеристика за бегањето од дебати постоеше во едно мрачно режимско време кое веќе е зад нас и никогаш повеќе нема да се повтори“, вели Шилегов.

Поврзани содржини