ПОБЕДНИКОТ ВО АЕРОДРОМ СЕДНА СО СВОИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ Муцунски испраќа порака за обединување во цела Македонија
Секоја идеја, секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифатам и реализирам. Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало - истакна Муцунски.
Тимчо Муцунски, новиот градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ги поканил неговите противкандидати на кафе дружење за да испрати порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно.
– Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да го подобриме животот на нашите сограѓани. Секоја идеја, секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифатам и реализирам. Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало – истакна Муцунски.