ПОБЕДНИЧКИОТ ПОВИК НА ТРАМП ЌЕ МУ ДОНЕСЕ ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ? Секој друг би се криел, а тој извикуваше „борба, борба, борба“!
Конзервативен стратег за Скај њуз ги анализира последиците од атентатот врз Доналд Трамп.
Републиканскиот стратег Џон Томас смета дека атентатот најверојатно ќе му овозможи на Трамп „целосно да победи” на претседателските избори, пишува Скај Њуз, пренесува хрватскиот портал Јутарњи.
– Веднаш откако Трамп стана по пукањето, се забележа епско навивање од публиката – рече тој и додаде:
– Гледаме луѓе низ целата земја – без разлика дали ви се допаѓа Трамп или не – како се собираат зад него во моментов. Мислам дека ова ќе биде момент на единство. И верувам дека тоа ќе го доведе Доналд Трамп до целосна победа во ноември – рече Томас.
– Во моментот кога повеќето луѓе би барале засолниште, Доналд Трамп веднаш стана, ја крена тупаницата и ги изговори зборовите ‘борба, борба, борба’, сфаќајќо дека големината на моментот е поголема од него и дека во тој момент тој станува Америка – анализира стратегот.
– Мислам дека ова е момент кога Американците копнеат за таков вид лидерство. Мислам дека овој момент ќе стане многу поголем од само обид за атентат и повеќе одраз на силата на Трамп и на неговата тенденција да не отстапува – заклучува тој.
📽 ЧЕКАЈТЕ…БОРЕТЕ СЕ, БОРЕТЕ СЕ! Маск откри што кажа Трамп веднаш по атентатот