„Победив!“ Тања Савиќ конечно ги врати синовите од Австралија во Србија (ФОТО)

2,012

Пејачката Тања Савиќ, по 15 месеци, конечно успеа да ги види своите синови Максим и Ѓорѓе.

Тања од вчера го живее животот одново откако ги донесе двата сина во Србија по голготата и киднапирањето на децата од страна на нејзиниот сопругот, кој ги однесе  во Австралија.






Тие беа со нејзиниот сè уште легален сопруг Душан во Австралија, а гордата мајка сега успеа да ги врати во Србија.

Целото семејство се собрало на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград за да ги пречека. Савиќ, видно насмеана, излегла од аеродромот со своите наследници и позирала пред фоторепортерите.

– Јас победив! Воопшто не можам да размислувам за разводот, бидејќи секако победив – кратко изјавила Тања за порталот „Србија данас“.

На излезот од аеродромот, ги чекала бела лимузина за да ги однесе дома.

Нема сомнение дека Тања Савиќ се погрижи за секој детаљ, за нејзините деца целосно да уживаат.

А, во семејниот дом на нејзините родители во Смедерево, внуците биле пречекани со солзи радосници, особено од нивната баба.

Да потсетиме, Душан лани ги однесе нивните синови во Австралија без нејзиното одобрување, и таа оттогаш ги немаше видено.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини