ПОБЕДИ ЗА АЛКАЛОИД И ВАРДАР Први дуели од 10. коло на ракометната Супер лига

Во салата Автокоманда Алкалоид ја оправда фаворитската улога и убедливо ја совлада Струга со 44:27.

38

Двата непоразени тима во ракометната Супер лига Вардар и Алкалоид остварија победи во првите дуели од 10. коло. Во салата Автокоманда Алкалоид ја оправда фаворитската улога и убедливо ја совлада Струга со 44:27.

Вардар како гостин го совлада Пролет со 36:27. Двата тима во следното коло ќе го играат дербито, на кое домаќин ќе биде лидерот на табелата Вардар.






Од оваа рунда утре се играат три натпревари: Прилеп – Еурофарм Пелистер, МРК Куманово – Тиквеш и Бутел – Охрид, додека в четврток на програмата е дуелот Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш.

Вардар е лидер на табелата со 20 бодови, пред Алкалоид со 18.

Поврзани содржини