🎥 ПОБЕДИ НА САН РЕМО, АМА ПОСТОИ МОЖНОСТ ДА НЕ ОДИ НА ЕВРОВИЗИЈА Еве кој е победникот на најпознатиот италијански музички фестивал

Италијанската музичка сцена има нов голем победник, Сал Да Винчи го освои 76-тото издание на легендарниот Фестивал во Санремо и го одбележа почетокот на нова евровизиска сезона.

107

Сал Да Винчи го освои 76-тото издание на Фестивалот во Санремо со песната „Per sempre sì“. По пет возбудливи ноќи на италијанска музика, легендарното натпреварување го пронајде својот победник во напнато суперфинале, со што официјално заврши Санремо 2026, кое на публиката ѝ претстави дури 30 нови песни.
Сите 30 уметници настапија на финалната вечер, а публиката имаше можност да ги чуе своите натпреварувачки песни за последен пат. Откако беа собрани гласовите од претходните вечери со резултатите од гласањето за време на финалето, беа објавени петте суперфиналисти кои се бореа за престижната титула победник.

Во суперфиналето влегоа: Сал Да Винчи, Сајф, Дитонелапијага, Ариса и Федез и Масини.






Во последниот круг од гласањето, гласовите беа поделени помеѓу жири од новинари (33%), радио жири (33%) и публиката преку телевоутинг (34%). По ново пребројување на гласовите, беше прогласен победникот – Сал Да Винчи ја освои титулата. Сајф се пласираше на второто место, додека Дитонелапијага заврши на третото место.

Сал ја прими победата многу емотивно, а пред да ја прими статуетката, фотографите го фатија во искрени моменти.

Со победата на Санремо, Сал Да Винчи доби можност да ја претставува Италија на Евровизискиот натпревар во 2026 година. Сепак, тој може да ја одбие оваа понуда.

Во тој случај, италијанската национална телевизија РАИ ќе избере друг изведувач од фестивалот кој ќе ги брани италијанските бои на Евровизискиот натпревар.

Кој е Сал?

Сал Да Винчи, чие вистинско име е Салваторе Михаел Сорентино, е 56-годишен пејач и актер од италијанската и неаполската сцена. Иако е роден во Њујорк, пораснал во Неапол, каде што претежно живее и денес. Тој се занимава со музика од шестгодишна возраст, инспириран од неговиот татко, познатиот пејач Марко да Винчи.

Тој веќе учествувал на Санремо во 2009 година, кога го освоил третото место со песната „Non riesco a farti innamorare“.

Неговиот последен албум Siamo gocce di mare беше издаден во 2021 година, додека неговиот сингл од 2024 година Rossetto e caffè има повеќе од 74 милиони преслушувања на Spotify.

Поврзани содржини