ПОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСКА Покажавме европско управување со општините, вели Мицкоски
Поминува четвртата година од претходните локални избори. Најголем дел, 42 градоначалника се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нема ни основано сомневање за сторен криминал, корупција или за злоупотреба. Покажавме и докажавме дека можеме многу подобро да ги управуваме институциите од многу европски земји, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Сè уште не би зборувал за имињата на кандидатите за градоначалници на претстојните избори, јавноста ќе ги дознае многу наскоро, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој најави дека партијата во втората половина на мај ќе обелодени 85 до 90 отсто од имињата на кандидатите.
– Убеден сум дека ќе биде историска голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ. Покажавме на локално ниво и покачжуваме веќе цела година на централно ниво дека може во Македонија да се менаџираат институциите без афери за корупција, криминал и за злоупотреби. Поминува четвртата година од претходните локални избори. Најголем дел, 42 градоначалника се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ни основано сомневање за сторен криминал, корупција или за злоупотреба. Покажавме и докажавме дека можеме многу подобро да ги управуваме институциите од многу европски земји. Покажавме европско, скандинавско управување со општините – рече премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на Штип и на Карбинци.