ПОБЕДАТА НА 8 МАЈ Е ЗАВРШЕНА РАБОТА Таравари тргнува самоуверено во изборната пресметка со ДУИ

Дури и да беше се во ред, 22 години се предолги. На Албанците им требаат промени - вели претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.

289

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари во емисијата „Интервју” за ТВ News, изјави дека победата на Коалицијата „Вреди“ на претстојните избори е „завршена работа“ и дека тоа го потврдуваат сите анкети.

Според Таравари, ДУИ секогаш со релативизирање пропагирала дека сите политички партии се исти, но тоа, како што вели Таравари, не е точно затоа што се разликуваат.






– Мораме да и разјасниме на јавноста дека имаме разлики. Првата разлика е во тоа што на Албанците им требаат промени. Како секој народ, како и секој друг народ и држава. Дури и да беше се во ред, 22 години се предолги – рече Таравари.

Таравари нагласи дека по 8 мај Коалицијата „Вреди“ ќе биде во идната Влада, додека Владата ќе биде тест период кој ќе влијае и на локалните избори во 2025 година.

– Често сум зборувал за победата на 8 мај. Не ја ни сметам оваа победа затоа што ја сметам за завршена работа бидејќи има бран на промени што не запира. Мораме да се концентрираме и на 2025 година. Затоа што имаме 1 година влада во владата што ќе ја формираме на 8 мај, има локални избори до октомври 2025. Ако не владееме добро, не демонстрираме добро владеење, не му покажуваме на граѓанинот дека владееме многу поинаку и многу подобро, тогаш во октомври 2025 година граѓанинот може да се разочара и да не казни со глас и таму ќе биде нашиот прв тест како нова влада – истакнува Таравари.

Во врска за можниот резултат на парламентарните избори, Таравари нагласи дека Коалицијата „Вреди“ стои добро, но доминира во изборна единица број шест.

– Во сите изборни единици сме многу добро, во шестата единица Коалицијата „Вреди“ ќе направи неверојатен резултат и разликата е многу голема. Но и во други ИЕ мислам дека ни оди многу добро, ние сме во водство, само во ИЕ број пет каде што треба да работиме со посебен план за нејзино консолидирање и верувам дека и таму ќе биде многу позитивно изненадување за коалицијата – рече Таравари.

Поврзани содржини