ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА За денот по изборите Мицкоски најави неколку сценарија

Мицкоски истакна дека во тие неколку сценарија има можност и за ново владино мнозинство, како и можни парламентарни избори кои тоа мнозинство ќе ги спроведе, а убеден е дека резултатите од изборите ќе бидат во корист на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

673

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Ал Џезира вели дека обединувањето со коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со ВМРО-ДПМНЕ е сè со цел да се изгради заедничка држава во која сите граѓани ќе бидат задоволни, бидејќи како што рече тој доста им е на луѓето од создавање на поделби и вештачки конфликти. Опозицискиот лидер најави победа на локалните избори, а за денот потоа најави неколку сценарија.

Овие предизвици кои се случија со ковид пандемијата сите не натераа да размислуваме малку од тоа што било во минатото за разлика од партиската и политичката елита која во овој момент ја води Македонија која сè уште е заглавена во криминалот и никако да излезе од тој криминал. Но, генерално човештвото па и тука во Македонија работите се менуваат и начинот на живот и начинот на размислување и ценам дека на луѓето им е преку глава од создавање на артифицијални вештачки конфликт, едноставно сакаат да видат иднина и да видат надеж – потенцираше Мицкоски.






Тој додава дека токму тоа биле мотивот и причината како најголема политичка сила во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ да седне заедно со Коалицијата Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села и Алтернатива предводена од Африм Гаши да разговараат за иднината, за тоа како заеднички да изградат држава којашто сите ќе ја сакаат и почитуваат без разлика на етникуот или на конфесијта, бидејќи на крајот од денот сите се  родиле во нашата Македонија, тука тагувале, тука се радувале. Мицкоски вели дека тоа бил единствениот мотив и цел да се обединат во една ваква коалиција за иднината, коалиција против корупција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – АА – А ќе победи на изборите, а СДСМ-ДУИ немаат веќе што да и понудат на државата и ќе бидат делегитимирани на овие избори.

– Јас очекувам ВМРО-ДПМНЕ да победи по сите основи, односно коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, во албанскиот блок очекувам со Алијанса за албанците и Алтернатива да освои најголем број на градоначалници и со тоа комплетно да ја делегитимираме оваа коалиција на власт СДСМ-ДУИ, овие политички обединети измамници – истакна Мицкоски.

Тој цени дека не само што СДСМ-ДУИ немаат никаков кадровски потенцијал, туку веќе немаат ни што да и понудат на Македонија и граѓаните.

– Очекувам да имаме поголем број на градоначалници и советници од коалицијата која ја предводи СДСМ, а за денот потоа има неколку сценарија, но да почекаме да дојдеме до 17-ти октомври прво – вели Мицкоски.

Тој истакна дека во тие неколку сценарија има можност и за ново владино мнозинство, како и можни парламентарни избори кои тоа мнозинство ќе ги спроведе, а убеден е дека резултатите од изборите ќе бидат во корист на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

 

Поврзани содржини