ПОБАРАН ПРИТВОР ЗА СИНОТ ШТО ИСТЕПА МАЈКА, ПОЗНАТИ СЕ ДЕТАЛИТЕ Ја давел и ѝ го одзел телефонот
Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата Славејко Арсов, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко. Таткото вознемирен веднаш го напуштил дворот, а пријавениот продолжил да ѝ се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови, соопшти Основното јавно обвинителство.
Основното јавно обвинителство Скопје излезе со детали за случајот со семејна драма во скопски Центар кој одекна во јавноста. Обвинител предложи до судот притвор за 40-годишен скопјанец за кого постои сомневање дека ја истепал мајка си и, како што соопшти ОЈО, ѝ нанел телесни повреди.
„Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата Славејко Арсов, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко. Таткото вознемирен веднаш го напуштил дворот, а пријавениот продолжил да ѝ се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови. Потоа и физички ја нападнал, започнал да ја влече со рацете за да ѝ го земе телефонот, па потоа ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот“, се вели во соопштението на ОЈО.
Понатаму во текстот се вели дека оштетената исплашена за својот живот, некако успеала да се тргне на страна, додека осомничениот продолжил да манифестира насилничко однесување кршејќи ги саксиите со цвеќе и останатите предмети во дворот.