ПО ЗНАМ И ЛЕВИЦА ТРГНА ПО ЧЛЕНСТВОТО И ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ Крмов вели дека Левица е единствена опција за левоориентираните гласачи

Според Крмов, Левица е единствениот политички субјект којшто има сила и планира да ѝ се спротивстави на целосната вмроизација на оваа држава, којашто ќе следи по локалните избори.

642

По повикот на движењето ЗНАМ до незадоволното членство од СДСМ да премине во движењето и партијата Левица вчера го стори истото и го повика гласачкото тело на СДСМ да се приклучи на оваа партија.

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов го повика гласачкото тело на СДСМ да се приклучи кон Левица.






– Освен Левица, видовте дека и еден друг политички субјект, т.е. ЗНАМ на Максим Димитриевски, го повика членството на СДСМ да им се приклучи. Но, ние цениме дека граѓаните од левиот политички спектар нема да гласаат за приврзок на ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека им останува само Левица како опција – изјави пратеникот Крмов во изјавата за ТВ Стар.

Според Крмов, Левица е единствениот политички субјект којшто има сила и планира да ѝ се спротивстави на целосната вмроизација на оваа држава, којашто ќе следи по локалните избори.

Крмов рече дека распаѓањето на СДСМ го предвиде Левица, но тогаш никој не веруваше дека тоа може да се случи.

– Тогаш луѓе ни се смееја, сега гледате дека во овие општествени економско – социјални услови тој процес ни се случува пред очи – рече Крмов.

Поврзани содржини