Водителката Елен Деџенерис во последните неколку недели е во центар на скандалите затоа што многубројни вработени ја обвинија за злоупотреба на работно место.
На „водителката од пеколот“ сега ѝ се препишува уште едно обвинение – дека малтретирала 11-годишно дете и го нарекла „дебело и глупаво“, пренесува „Mирор“.
Еден од нејзините вработени раскажал како Елен пред 40 години, пред да стане славна, уживала во тоа да се однесува лошо кон неговиот син Бен.
Тоа го потврдил и самиот Бен, кој што денес има 52 години.
Се присетил како Елен, која што тогаш работела за неговата мајка во агенција за вработување, грубо се шегувала на сметка на неговата тежина:
– Се згрозував кога по училиште мораше да се вратам во агенцијата. Елен ја критикуваше мојата тежина и мојата облека. Ме нарекуваше глупав. Бев само мало момче, а таа тогаш беше возрасна жена која што уживаше во тоа да ме гледа загрозен. Мислам дека за тоа нема извинување. Бев беспомошно дете. Што можев јас тогаш да ѝ кажам во моја одбрана? – изјавил Бен, па додал:
„Таа беше најзлобната личност која што некогаш сум ја запознал.“