ПО ЗЕМЈОТРЕС СЛЕДУВА ЦУНАМИ Турција издаде предупредување по катастрофата на Крит

Едно лице го загуби животот, а деветмина се повредени во силниот земјотрес на грчкиот остров Крит. Од Министерството за цивилна заштита на Грција, официјално соопштуваат дека „согласно информациите од надлежните органи загина едно лице“.

448

Турција издаде предупредување за појава на цунами откако силниот земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го разруши грчкиот остров Крит.

Како што пишуваат турските медиуми, властите во Турција го предупредиле населението за можна појава на цунами предизвикано од земјотресот во Грција, а цунамито, соопштиле тие, ќе го погоди целиот регион.






Инаку, атинскиот Геодинамички институт објавил дека потресот се случил во 09:17 часот по локално време, а епицентарот бил на 246 километри југоисточно од Атина.

Европскиот-медитерански сеизмолошки центар и Геолошкиот завод на САД дале прелиминарна магнитуда од 6,0 степени со епицентар 7 километри северно од селото Тхрапсано.

Едно лице го загуби животот, а деветмина се повредени во силниот земјотрес на грчкиот остров Крит. Од Министерството за цивилна заштита на Грција, официјално соопштуваат дека „согласно информациите од надлежните органи загина едно лице“.

Според грчките медиуми, безживотното тело го извлекле припадниците на специјалните сили за справување со катастрофи на противпожарната служба, од урнатините на мала црква во која се вршеле градежни работи во селото Аркалохори.

Земјотресот предизвика материјална штета на стари објекти, цркви, но и на патишта во неколку општини на Крит што се наоѓаат блиску до епицентарот, јужно од градот Ираклио, додека, пак, беа евакуирани училиштата и побарано од родителите да ги земат децата.

Поврзани содржини