По затворање на угостителските објекти масовна раздвиженост на плоштад и трговските центри
Вчера и денеска во центарот на Скопје, сликата е иста. Голем број на граѓани присутни на плоштадот, па речиси дека е и невозможно да се одржува дистанца од најмалку два метри.
Откако во 18 часот ќе затворат угостителските објекти, граѓаните ги посетуваат трговските центри или пак плоштадите.
Вчера и денеска во центарот на Скопје, сликата е иста. Голем број на граѓани присутни на плоштадот, па речиси дека е и невозможно да се одржува дистанца од најмалку два метри.
Екипата на ТВ21 забележа и полициски службеници кои им пишаа казна на две момчина на возраст од 20-тина години.
Слична сликата денеска беше и во еден голем трговски центар во Скопје.