По заминување на викендашите, целосна дезинфекција на Охрид

Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и Чаршијата – објави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески

302

Уште од раните утрински часови возилата на ЈП „Охридски комуналец” почнаа со темелна дезинфекција на Охрид, откако си заминаа гостите кои го посетија градот за време на викендот.

– Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција од коронавирусот екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово извршија дезинфекција на јавните површини во градот. Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и Чаршијата – објави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески на својата „Фејсбук“ страница.






Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.

За време на карантинскиот викенд се проценува дека околу 5.000 гости од другите градови го посетиле нашиот најголем туристички центар.

Поврзани содржини