ПО ВТОР ПАТ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СУМ ПОЗИТИВЕН Брајан Адамс во болница поради корона
Еве ме, штотуку пристигнав во Милано и по втор пат за еден месец сум позитивен на тестот за ковид-19. Сега сум во болница - напиша тој во објава на Инстаграм.
Канадскиот пејач Брајан Адамс во четвртокот соопшти дека бил позитивен на ковид-19 откако одлета во Италија и дека е во болница.
Адамс, кој исто така е фотограф, дојде во Милано да го промовира календарот на Пирели за 2022 година, кој тој го снимал.
– Еве ме, штотуку пристигнав во Милано и по втор пат за еден месец сум позитивен на тестот за ковид-19. Сега сум во болница – напиша тој во објава на Инстаграм, споделувајќи фотографија на која седи покрај маса со маска на лицето.
View this post on Instagram