ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ОХРИД ДОБИЛ ПОЗИТИВЕН ТЕСТ Хрватскиот шеф на дипломатијата има благи симптоми на ковид

Хрватскиот министер од Охрид во Загреб допатувал во петокот со авион заедно со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавашоглу.

612

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман е позитивен на ковид-19 откако вчера се тестирал, објави неговото министерство.
Во соопштението е наведено дека министерот Грлиќ Радман имал благи симптоми на болеста, дека добро се чувствува и дека ќе работи од дома. Тој минатата недела учествуваше на Преспа-форумот што се одржа во Охрид, каде имаше средби и разговори со македонскиот државен врв, како и со многу други странски претставници.

Хрватскиот министер од Охрид во Загреб допатувал во петокот со авион заедно со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавашоглу.

Поврзани содржини