Во последниот месец, односот помеѓу раперот Канје Вест и старлетата Ким Кардашијан беше турбулентен. Дури имаше и јавни препукувања на социјалните мрежи.
Имено, во своите објави на Твитер, Канје тврдеше дека Ким се обидела да го сместии во лудница, дури и дека се обидел да се разведе од неа.
Подоцна, Ким Кардашијан објави дека нејзиниот сопруг е болен, дека има биполарно нарушување, а не го спомна разводот.
– Животот со биполарно растројство не го спречи да ги оствари своите соништа и креативни идеи, без разлика колку тие се чинеа големи. Тоа е дел од неговата генијалност … – наведе Ким во своето обраќање на социјалните мрежи.
Сѐ започна кога Канје одлучи да се кандидира на американските претседателски избори, а наводно на Ким тоа не ѝ се допаднало.
Во меѓувреме, Вест и Кардашијан се смирија, а падна и првиот јавен бакнеж.
WE’RE STEPPING OUT ON FAITH pic.twitter.com/Ak1sJmPz0o
— ye (@kanyewest) August 19, 2020