По утринската магла ќе имаме сончев ден
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, која околу пладне и рано попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови со појава на магла, а околу пладне и попладне сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.