ПО УРНАТИНИТЕ ПРОНАЈДЕНИ ДВЕ ТЕЛА Властите во Марсеј претпоставуваат дека под двете згради има осум лица

Очевидци од околните згради велат дека околу четирикатниците се почувствувал силен мирис на гас, кој, според обвинителот Марсеј, инсталациите не покажувале дека се дотраени.

252

Две лица загинаа при уривањето на двете згради во францускиот град Марсеј, утринава објавија пожарникарите кои учествуваат во спасувачката операција по експлозијата.

Како што пренесува порталот „БФМ“ од Марсеј, потрагата продолжува, но како што одминува времето надежта за пронаоѓање преживеани се намалува.






– Две безживотни тела се пронајдени вечерва во урнатините на двете згради на улицата Тиволи во Марсеј. Со оглед на тешкотиите со кои се соочуваме, извлекувањето ќе потрае. Тогаш за работите ќе се погрижат законодавните органи – соопштија пожарникарите на градот Марсеј. И 24 часа по несреќата не се знае причината за експлозијата.

Сепак, очевидци од околните згради велат дека околу четирикатниците се почувствувал силен мирис на гас, кој, според обвинителот Марсеј, инсталациите не покажувале дека се дотраени.

Пет лица се примени во болница со сериозни повреди кои не се опасни по живот.

Локалните власти во неделата соопштија дека се претпоставува дека осум лица се затрупани под урнатините.

 

Поврзани содржини