ПО УНИШТУВАЊЕТО НА ИРАНСКИ БРОД ЦЕНАТА НА НАФТАТА СКОКНА ЗА РЕЧИСИ 4% Од почетокот на неделата цената постојано расте
Пазарот веднаш реагираше на уништувањето на иранска фрегата од страна на американска подморница покрај брегот на Шри Ланка и одбивањето на американскиот Сенат да ги ограничи воените овластувања на Доналд Трамп.
Откако вчера се чинеше дека цените на нафтата се стабилизираа, утрово повторно силно пораснаа.
На лондонскиот пазар, цената на барел нафта Брент скокна за 3,9%, на 84,60 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за 4,3% на 77,90 долари.
Од почетокот на неделата, цените на нафтата скокнаа за околу 16%.
Пазарот веднаш реагираше на уништувањето на иранска фрегата од страна на американска подморница покрај брегот на Шри Ланка и одбивањето на американскиот Сенат да ги ограничи воените овластувања на Доналд Трамп.
Ескалацијата на конфликтот создава критична закана од целосно затворање на Ормутскиот теснец, низ кој минува повеќе од 20% од светската потрошувачка на суровини.
Аналитичарите очекуваа цената на нафтата да се стабилизира по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе обезбеди нормален проток на бродовите во Ормутскиот теснец и ако треба американската морнарица ќе ги придружува бродовите со нафта и гас.