ПО УБИСТВОТО НА СНИМАТЕЛКАТА КОНЕЧНО ДОНЕСЕНА ОДЛУКА Болдвин постигна договор со семејството на Халина Хачинс
Тужбата, поднесена во февруари во Санта Фе, против Болдвин, продуцентската куќа на филмот и другите клучни членови на екипата, наведува дека има бројни прекршувања на стандардите на филмската индустрија за време на снимањето.
Семејството на Халина Хачинс, снимателката која беше убиена на сетот на филмот „Рѓа“ од 2021 година и Алек Болдвин постигнаа неоткриен договор во тужбата против актерот и другите вмешани во смртта на Хачинс, се вели во соопштението објавено од адвокатот на актерот.
Тужбата, поднесена во февруари во Санта Фе, против Болдвин, продуцентската куќа на филмот и другите клучни членови на екипата, наведува дека има бројни прекршувања на стандардите на филмската индустрија за време на снимањето.
Метју Хачинс, вдовецот на Халина Хачинс, која беше убиена на снимањето, ќе биде извршен продуцент на филмот и ќе добие дел од профитот, се додава во соопштението.
„Постигнавме спогодба, која е предмет на судско одобрување. Како дел од таа спогодба, нашиот случај ќе биде отфрлен. „Рѓа“, на кој сега ќе бидам извршен продуцент, ќе продолжи со снимањето со сите првобитни главни актери во јануари 2023 година. Сите веруваат дека смртта на Халина била страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната заедница се собраа да оддадат почест на последното дело на Халина“, рекол Метју Хачинс во соопштението.
Режисерот на филмот, Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, треба да се врати во филмот.
„Оние од нас кои имавме среќа да поминат време со Халина, знаеја дека таа е исклучително талентирана, љубезна, креативна и извор на неверојатна позитивна енергија. Посакувам светот да ја запознаеше под поинакви околности, како што сигурно ќе се случи преку нејзината неверојатна работа. Во моите сопствени обиди да се излекувам, секоја одлука да се вратам да го завршам режирањето на филмот би можела да ми има смисла само ако е направено со учество на семејството Хачинс. Иако е секако горчливо, мило ми е што заедно сега ќе го завршиме она што Халина и јас го започнавме. Секој мој труд за овој филм ќе биде посветен на чествувањето на наследството на Халина“, рекол Соуза во изјавата.