ПО УБИСТВОТО НА ХАЛИНА, УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА НА СЕТОТ Член од тимот итно префрлен во болница, може да остане без рака!

Според странските медиуми, Милер неколку дена по каснувањето доживеал некроза, односно смрт на клетките во ткивото и добил сепса.

5,125

Светот сè уште зборува за страшната трагедија што се случи на крајот на октомври за време на снимањето на „Рѓа“, ​​каде Алек Болдвин случајно ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Хоел Соуза, а сега на истиот филм се случи уште еден немил настан.

Џејсон Милер, работник од сетот, бил каснат од отровен пајак, поради што е на лекување, а големи се шансите да ја загуби раката, пренесува Њујорк Пост.






Според странските медиуми, Милер неколку дена по каснувањето доживеал некроза, односно смрт на клетките во ткивото и добил сепса.

Поради тоа тој завршил во болница и имал неколку операции, а според медиумите лекарите се обидуваат да му ја спасат раката и да ја спречат инфекцијата. Во спротивно ќе мора да му ја ампутираат.

Да потсетиме, на снимањето на овој филм на 22 октомври се случи несреќа, а полицијата сѐ уште го истражува овој случај.

Во медиумите протекоа многу детали, од тоа дека на сетот имало три пиштоли и што со нив си играле пукајќи со конзерви претходната вечер, до тоа што Алек не го почитувал правилото да го провери пиштолот пред сцената и да не го насочува кон луѓе.

Поврзани содржини