ПО СВЕКОРОТ СЕ ОГЛАСИ И НИКОЛИНА ПИШЕК Ги искоментира шпекулациите за смртта на сопругот

Откако ненадејно почина сопругот на хрватската водителка, секој ден изглегуваат нови шпекулации за смртта на Видое.

649

Бидејќи последните недели се појавија многу шпекулации за смртта на Видое Ристовиќ, неговата сопруга, водителката Николина Пишек конечно се огласи на оваа тема.

– На прашањето како сум овие денови, не сакам да давам одговор. Ги има повеќе, но тоа е првото. На почетокот да ви кажам, не сакам да давам изјави за сите овие глупости што се појавуваат во медиумите – рекла Николина.






– Што и да кажам, оди во сто насоки и секогаш излегува лошо – изјавила Пишек за српски „Курир“.

Миша Гроф, таткото на Видое, открил во какви односи е со Николина.

– Со Николина сум во одлични односи. Не ме посетува, зошто да ме посетува, таа пред два дена од Белград замина со детето, бидејќи детето мора да оди на училиште. Едната внука е мала, постарата тешко се справува со загубата на татко ѝ – рекол расплаканиот Миша за споменатиот медиум.

Видое Ристовиќ ненадејно почина минатиот месец на 44-годишна возраст.

 

Поврзани содржини