📷 ПО СТАПКИТЕ НА СЛАВНАТА МАЈКА Ќерката на Мадона на ревија во Њујорк дојде со „искинат“ фустан под кој ѕиркаа црните гаќи

Лурдес Леон (27), ќерката на поп кралицата Мадона, го привлече вниманието кога пристигна на ревијата на Марк Џејкобс во Њујорк.

498

Лурдес Леон (27), ќерката на поп кралицата Мадона, го привлече вниманието кога пристигна на ревијата на Марк Џејкобс во Њујорк.

Лурдес пристигнала во црн фустан со крупни исечоци, а под него носела црн градник и гаќи. Со необичниот фустан искомбинирала сандали и чанта, а долгата коса благо ја навиткала.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by GLAMURAMA (@glamurama)


Лурдес често привлекува внимание со своите модни комбинации. На почетокот на март оваа година таа беше на ревијата на Ив Сен Лоран во Париз. За таа прилика облекла чипкаст комбинезон, кој на делови бил проѕирен, па бидејќи под него не носела градник, сите можеле да ги видат нејзините голи гради.

Многумина коментираат дека Лурдес ги следи стапките на својата славна мајка кога станува збор за облекувањето.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOLAHOL (@lourdesleon)


Лурдес, која е манекенка и пејачка, минатата година во едно интервју зборуваше за тоа како е да бидеш ќерка на Мадона. Младата девојка рекла дека додека растела, Мадона била многу строга.

„Мајка ми ме контролираше цел живот. Морав целосно да се одвојам од неа веднаш штом завршив средно училиште“, рекла Лурдес и додала дека Мадона била навистина строга мајка и дека не и дозволувала ноќни излегувања.

 

Поврзани содржини