ПО СОПРУГОТ И СИНОТ СЕГА СЕ ВРАБОТУВА И ЌЕРКАТА НА ФИНАНСИСКИОТ РАКОВОДИТЕЛ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ Левица открива нови детали од скандал со непотизам на Битолскиот универзитет
Партијата тврди дека два пати се распишува конкурс за избор на доцент на Факултетот за биотехнички науки само за да се задоволат условите кои ги исполнува ќерката на финансискиот раководител на УКЛО – Николина Неновска, Викторија Стојковски.
Партијата Левица открива нови неправилности поврзани со скандалот со непотизам на универзитетот во Битола (УКЛО) и ги повикува надлежните институции да преземат акција.
Партијата тврди дека два пати се распишува конкурс за избор на доцент на Факултетот за биотехнички науки само за да се задоволат условите кои ги исполнува ќерката на финансискиот раководител на УКЛО – Николина Неновска, Викторија Стојковски.
Првиот конкурс, според Левица бил поништен бидејќи не одговарал на биографијата и професионалните карактеристики на Стојковски, а на вториот конкурс рецензентската комисија ѝ се дава предност пред подобар кандидат.
Левица потсетува дека скандалот го открила пред неколку месеци кога утврдила дека на истиот универзитет веќе работат сопругот (на Технички факултет Битола) и синот (на Правен факултет во Битола) на Неновска.
– По објавениот конкурс во јуни и дадениот предлог од страна на рецензентската комисија до наставно научниот совет на Факултетот за биотехнички науки Битола да се направи избор во звање доцент на ќерката на Неновска, д-р Викторија Стојковски истиот е поништен бидејќи областа за која бил распишан конкурсот не била иста со областа која ја има Викторија. По тој обид на 7 Септември 2023 година повторно се распишува конкурс сега во област која одговара за нејзината ќерка. Но на огласот сега се јавува и друг кандидат кој по сите предвидени општи и посебни критериуми предвидени согласно Законот за високо образование и Правилникот за избор во звање на УКЛО исполнува повеќе услови во однос на ќерката на Неновска – велат од Левица.
Оттаму додаваат дека исполнетоста на условите се наведени во Рефератот за избор објавен во Билтен 510 на страната на УКЛО.
– И покрај тоа што комисијата во извештаите ги има напишано сите услови кои ги исполнуваат кандидатите и секој јавно може да го види тоа предност и дава на ќерката на Николина и му предлага со задоволство на наставно-научниот совет да ја избере неа. Секој може да ја види необјективноста во предлогот на комисијата и пристрасноста кон ќерката на Николина. Истото дополнително се потврдува и со тоа што за член во комисијата повторно е назначен Николче Јанкуловски, претседателот на Сенат кој пак му е син на Живко Јанкуловски – велат од Левица.
Партијата бара реакција на надлежните институции за да се спречи незаконитоста и продлабочување на скандалите на Универзитетот.