ПО СЛУЧАЈОТ ДУГИН, КРЕМЉ СТРАВУВА ОД ДРЖАВЕН УДАР Службите и „партизаните“ стојат зад убиството?
Сомнежот паѓа и врз лојалните поддржувачи на Путин, бидејќи низ Москва се шират гласини дека членовите на безбедносните служби имаат намера да го соборат деспотот од власт. Се шпекулира дека зад нападот на возилото на Дугин стојат елементи во разузнавачката служба ФСБ. Постои и друга теорија, а тоа е дека Путин лично го наредил убиството на Дугин откако се соочил со критиките од него дека не отишол доволно далеку во Украина.
Најблиските соработници на Путин стравуваат од државен удар по атентатот на ќерката на Александар Дугин, идеолог на режимот на Кремљ, а постои сомневање дека зад нападот стојат припадници на службата за безбедност ФСБ или илегалната републиканска армија, пишува британски Сан.
Додека едната теорија е дека ФСБ навистина планира да го собори Путин кој е со влошено здравје и во небрано во Украина, другата е дека се работи за внатрешни руски пресметки меѓу поддржувачите на Путин и ултранационалистите. Експерти дури шпекулираат дека Путин лично го наредил убиството на Дугин откако се соочил со критиките од него дека не отишол доволно далеку во Украина.
Службите стојат зад нападот, Путин е со влошено здравје?
Атентатот ја шокираше елитата на Кремљ и предизвика бесни повици од прорежимските медиуми за нуклеарни напади врз Украина и Западот. Но, аналитичарите се сомневаат дека Киев би го наредил нападот и ги гледале одговорните во силите многу поблиску. Овој напад се случил, пишува Сан, во време кога инсајдерски извештаи велат дека здравјето на Владимир Путин „наеднаш се влошува“ и дека тој стратешки се колеба пред поразот во Украина.
Аналитичарите веруваат дека нападот бил дизајниран да ги заплаши следбениците на Путин како Дугин, за кој се верува дека е архитект на војната во Украина. Ова ги зголеми стравувањата кај највисоките руски генерали кои веруваат дека тие би можеле да бидат следната цел.
Сомнежот паѓа и врз лојалните поддржувачи на Путин, бидејќи низ Москва се шират гласини дека членовите на безбедносните служби имаат намера да го соборат деспотот од власт. Се шпекулира дека зад нападот на возилото на Дугин стојат елементи во разузнавачката служба ФСБ.
Tylko bezpośrednie spotkanie ze śmiercią może być źródłem pełnego przebudzenia mówił „mózg Putina” Alexander Dugin. Teraz patrzy jak płonie jego córka. Darya Dugina opisywała Ukraińców jako „podludzi” i wzywała do rosyjskiej okupacji całej Ukrainy… pic.twitter.com/iDak2zzrKl
— Stumbras (@Stumbras997) August 21, 2022
Внатрешен конфликт или лична наредба на Путин?
Рускиот историчар д-р Јуриј Фелштински вели дека автомобилот-бомба „најверојатно е дел од внатрешен руски конфликт“ и дека е нарачана од оние кои имаат интерес да го елиминираат Дугин.
– Разнесувањето на автомобилот на познатиот руски фашист и идеолог на режимот на Путин, Александар Дугин, очигледно го организирале руските безбедносни служби. Украинските специјалци, вклучени во смртоносна битка со агресорот на територијата на Украина, малку е веројатно дека ќе можат да испратат свои офицери во Москва за да организираат терористички напади – изјави Фелштински за „Дејли Бист“.
Тој го опиша Дугин како „одвратна фигура во руското националистичко движење“ со широки меѓународни врски. Тој навести дека неговото богатство и статус на еден вид „Распутин на Путин“ му ставиле мета на грбот кај некои Руси.
„Партизаните“ сакаат да го соборат Путин
Во меѓувреме, поранешниот пратеник на Думата, Илја Пономарев, кој беше избркан од рускиот парламент поради „анти-Кремљ активности“ и денес живее во Украина, исто така ја изнесува тезата за внатрешен конфликт, но одговорноста ја припишува на „партизаните“.
Пономарев тврди дека експлозијата е дело на Националната републиканска армија, која, според него, планира да го собори Путин. Тој посочува дека оваа илегална група планира слични напади против други високи Руси, вклучително и олигарси и политичари.
– Овој напад отвора нова страница во рускиот отпор кон путинизмот. Борците за слобода сакаат да ја ослободат својата земја од суровиот режим на тиранинот и не се плашат да се пресметаат со неговите соучесници – рече Пономарев.
Симболично убиство за заплашување на Путинистите
Поранешниот говорник на Путин и политички аналитичар Абас Галијамов исто така го коментираше убиството, опишувајќи го како „симболичен чин“ чија цел е да ги заплаши лојалистите на Кремљ.
– Ова веќе не е апстрактна војна што ја гледате на телевизија. Тоа веќе се случува во Русија. Не само што се бомбардира Крим, туку веќе се вршат терористички напади во московскиот регион – рече Галијамов.