ПО СИНОВИТЕ, НА РЕД СЕ ТАТКОВЦИТЕ Фирма за струја „никна“ во домот на родителите на министерот Благој Бочварски

Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е „Техноинвест Штип“, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на којашто живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.

2,313

Откако во бизнисот со електрична енергија неодамна влегоа синовите на Зоран Заев и на Али Ахмети, како и сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, сега и Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, стана управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави Фактор.

Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е „Техноинвест Штип“, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на којашто живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.






Регистрирана е на 26-ти јануари, а дејност ѝ е производство на електрична енергија.

Според порталот Фактор, дoсега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Благој извршува функции.

Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија многу блиски роднини на актуелни или поранешни владеачки функционери. Енерегетски компании за производство на струја отворија синот на екс премиерот Зоран Заев, се откри дека сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии, а на крајот на минатата година своја фирма отвори и синот на Али Ахмети.

Трендот го продолжи таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Поврзани содржини