ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ОД СМРТТА Откриено од што починал раперот Кулио
Раперот Кулио почина од предозирање со фентанил, изјави неговиот менаџер во четвртокот, шест месеци откако 59-годишниот музичар беше пронајден мртов во домот на пријател во Лос Анџелес.
Раперот Кулио почина од предозирање со фентанил, изјави неговиот менаџер во четвртокот, шест месеци откако 59-годишниот музичар беше пронајден мртов во домот на пријател во Лос Анџелес.
Кулио речиси цел живот се борел со астма, а и пушел со години, што придонело за неговата смрт, како и конsумирањето апчиња. Во неговата крв се пронајдени и траги од хероин и метамфетамин.
Роден како Артис Лајон Ајви, Кулио беше најпознат по неговиот сингл „Gangsta’s Paradise“ од 1995 година.
Песната беше огромен хит што беше прикажан во филмот „Опасни умови“ и ја освои наградата Греми за најдобра рап соло изведба следната година.
Менаџерот на Кулио, Џарез Поси, рекол дека семејството на раперот во четвртокот било известено од судскиот совет од Лос Анџелес дека починал од предозирање со фентанил. Кулио, инаку, беше пронајден мртов во домот на негов пријател на 28 септември 2022 година.